Македонските одбојкарски репрезентативци, браќата Никола и Ѓорѓи Ѓоргиеви, ќе настапуваат заедно во ист клуб во вториот дел од оваа сезона, откако Ѓорѓи денеска и официјално се приклучи на турскиот прволигаш Туршад.
Никола Ѓорѓиев веќе неколку месеци е дел од овој клуб, додека Ѓорѓи, кој претходно настапуваше за полскиот Слепс Сувалки, го прекина престојот во Полска за да пронајде клуб каде што ќе има поголема минутажа. Со ова, браќата повторно ќе играат во ист тим, сега во Турција.
Клубот изрази задоволство од ангажманот на Ѓорѓи Ѓоргиев.
„Со големо задоволство го објавуваме новото засилување – македонскиот репрезентативец и искусен техничар Ѓорѓи Ѓоргиев. Тој внесува ритам во играта и разлика со своите квалитети. Нема сомнеж дека ќе донесе дополнителна сила во нашиот тим“, објавија од Туршад.
Туршад моментно се наоѓа на претпоследното место на табелата и има слаби резултати во досегашниот дел од сезоната.