Ѓоргиев е оптимист пред дуелот со Катар: Имаме адути кои треба да ги искористиме за да стигнеме до победа

Македонската ракометна репрезентација ги прави последните подготовки за утрешниот дуел против Катар во рамките од главната фаза на Светското првенство во Катар. На досегашните четири меча на Мундијалот, Македонија има една победа (над Гвинеја), две ремија (Унгарија и Австрија) и само еден пораз од Холандија.

Следниот наш ривал, селекцијата на Катар, го има најстариот тим на турнирот, што секако треба да биде наш адут. Тоа го знае и централниот бек Игор Ѓоргиев, кој верува дека Македонија има сили за нова радост на овој планетарен собир.

„Следува дуел против еден квалитетен и искусен тим. Катар на вчерашниот меч против Холандија играше егал до самиот финиш на мечот, и тоа доволно зборува за нивниот квалитет. Ние сме помлада репрезентација од нив и мислам дека тоа е некоја предност за нас и мислам дека треба да ја искористиме со оглед на тоа дека е петти натпревар на Мундијалот. Мислам дека за нијанса сме посвежи и тоа треба да го искористиме на утрешниот меч“, рече Ѓоргиев, кој додаде дека нема поголема мотивација од тоа да се игра за Македонија.

Како главен адут за дуелот против Катар, Ѓоргиев ја истакна нашата одбрана и полуконтрата која ја имаме за постигнување лесни погодоци.

- Оглас -

Најнови вести