Ѓорѓиев: Цело лето се утепавме од работа, но се исплатеше

Никола Ѓорѓиев капитенски ја предводеше одбојкарската репрезентација на Македонија во убедливата победа од 3-0 во сетови над Црна Гора во второто коло од групата Ц.

„Ова е одлична победа од 3-0 во сетови и се надевам дека овие шест бода ќе не однесат во Италија и нема да играме проблеми. За мене дури сега почнува првенството. На крилата на оваа прекрасна публика успеавме да победиме. Сега сфаќам зошто Словенија никој не можеше да ја победи во „Стожице“ на ЕП.

Многу сум среќен за победата, цело лето се подготвувавме, доцна легнувавме, а рано станувавме. Се утепавме од работа, но се исплатеше. Би сакал ова да биде еден почеток, утре да уживаме против Полска бидејќи нема што да загубиме и потоа да се удриме гради во гради со Холанѓаните и да ја избегнеме Италија во осминафиналето.

Се надевам дека против Холандија ќе имаме уште поголема поддршка. Холандија во 2010 година ја победувме тука, Чешка пак не победи со 2-3, но се надевам дека сега ние ќе победиме. Зошто да застанеме тука, зошто да не сонуваме и се надевам дека ќе успееме да се пласираме директно на следното ЕП“, изјави Ѓорѓиев по мечот.

- Оглас -

Најнови вести