13.8 C
Skopje
понеделник, 29 септември 2025

Горивото за Ф1 наредната година ќе биде 10 пати поскапо, за една трка ќе чини дури 27.500 евра

Актуелната Формула 1 сезона е во полн ек и уште има неизвесност околу тоа кој возач ќе биде светски првак, а веќе започнуваат подготовките и калкулациите за новата сезона во 2026 година. Во новата сезона ќе има промена во правилата и техничката регулатива, а една од важните промени се однесува и на горивото.

Секој тим ќе има партнер кој ќе обезбеди нови, 100 проценти одржливи горива, но цената на ова гориво значително ќе се зголеми. Во моментов, тимовите од Формула 1 плаќаат околу 25 евра за литар гориво E10, што значи дека полн резервоар чини околу 2.750 евра.

Сепак, за 2026 година, правилата предвидуваат дека новите горива нема да доаѓаат од фосилни извори, туку ќе се произведуваат со комбинирање на водород и јаглерод диоксид од воздухот, што значително ќе ја зголеми цената.

Се проценува дека еден литар бензин за автомобил во 2026 година ќе чини околу 250 евра, или 27.500 евра по трка. За потсетување, германскиот Ауди и американскиот Кадилак исто така ќе се натпреваруваат во следната сезона во Формула 1.

 

- Оглас -

Најнови вести