Килијан Мбапе и Нејмар повторно погодија за Пари Сен Жермен, вечерва против Бордо, но тимот од Париз е сопрен од „жирондинците“ со реми 2-2.
Џими Бријан и Андреас Корнелиус возвратија со по еден погодок за Бордо, екипа која е прва во 15 кола во француското првенство што е непоразена во меч против ПСЖ.
Популарните „светци“ се рекордери во топ 5 лигите со 14 победи во низа на старт од една сезона, но вечерва серијата им е сопрена. Што е уште полошо за нив, повторно се повреди Нејмар, па Бразилецот го напушти теренот во второто полувреме.
ПСЖ и покрај првото реми во шампионатот, по 15 рунди е убедливо прв со 43 бодови, дури 14 повеќе од второпласираниот Монпелје. Бордо со 18 бодови е на 11-тата позиција.