Борнмут пред гостувањето на „Стемфорд бриџ“ беше во негативна серија од пет порази во Премиер лигата. Сепак, избраниците на Еди Хау приредија изненадување со неверојатниот погодок на Ден Гослинг во 84-тата минута, кој беше доволен да се прекина лошата низа, а воедно на Сините да им го нанесат шестиот пораз сезонава, односно четврти во последните пет кола.
Англичанецот го запиша само третиот настап сезонава, досега отсуствуваше поради повреда, а головите не му се најсилна страна. Но, Гослинг се најде на вистинско место, во вистинско време, ја насамари одбраната на Челзи која постави неуспешна офсајд замка, и свртен со грбот го лобуваше шпанскиот голман. Ниту, Аспиликуета не стигна навреме да ја извади топката од гол, па така Црешите на неверојатен начин приредија изненадување во 17-тото коло.
https://www.youtube.com/watch?v=XAcHBpvZP9U