Господе, те молам помогни им на играчите да избегнуваат повреди

Несекојдневна информација пристигна од Рим. Како што известуваат италијанските медиуми, сопственикот на Лацио Клаудио Лотито, на денешниот тренинг пристигнал со свештеник за да го благослови тренинг центарот „Формело“ на римскиот клуб, додека со молитва се надеваат дека ќе се спречи честото повредување на играчите.

Лацијалите во изминатиов период се соочија со повреди на неколку клучни играчи, поради што претрпеа рана елиминација од Лигата на Европа иако се надеваа дека ќе се најдат во потесниот криг.

Не е првпат Лотито да се одлучи за ваков потег, претходно ја користеше оваа „стратегија“ во 2009, 2010 и 2013 година.

 

- Оглас -

Најнови вести