Вчерашната ждрепка за групите во ЛШ спои неколку интересни пресметки, а, секако, со посебно внимание ќе се следи двомечот од групата Ц меѓу Баерн Минхен и Барселона.
Роберт Левандовски само неколку месеци по неговиот трансфер на „Камп ноу“, доби прилика да ги одмери силите против неговата неодамнешна екипа, а околу тој спектакл веднаш се огласи и Томас Милер. Досегашниот партнер на Лева во нападот му испрати порака на Полјакот.
„Колку добра ждрепка за сите фудбалски фанови. Господине Левандолски, се гледаме наскоро во Минхен. Да направиме лом во Лигата на шампионите“, се огласи Милер преку видеопорака.
https://twitter.com/_BeFootball/status/1562859865084530690