Гостински задачи за гигантите Франција, Германија и Италија

Хрватска – Велс (15 ч.)

Домаќините се апсолутни фаворити. Селекцијата која е светски вице првак не смее да си дозволи кикс на свој терен против противник на Велс. И традицијата вели дека „коцкестите“ имаат три победи и само едно реми во четирите меѓусебни средби.

Хрватска веќе има еден пораз во квалификациите, а ако си дозволи нов луксуз тоа ќе биде многу лошо во трката за едно од првите две места.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.50) – квота на денот во Sport Life

 

Грција – Италија (20:45 ч.)

Некогашниот светски и европски првак Италија, моќно ги започна квалификациите за ЕП 2020 и по првите две кола има максимални шест бода со гол разлика 8:0. И Грција добро стартуваше, па од двете гостувања кај Лихтенштајн и Босна и Херцеговина освои четири бодови. Сепак, кога се работи за пресметка против „аѕурите“, се знае дека гостите ја имаат улогата на фаворити.

Иако минатото вели дека овие две селекции негуваат затворен фудбал со претпазлива игра, во овие квалификации се виде дека не е така, па може да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: X2 & 2+ (1.85) – квота на денот во Sport Life

 

Турција – Франција (20:45 ч.)

Светскиот првак Франција киксираше во Лигата на нации и откако на тој начин не обезбеди место на ЕП 2020, сега ќе мора сериозно да си ја заврши работата преку квалификациите. Ова ќе биде дуел на две селекции кои се во добра форма, а интересно е што Турција има четири победи во низа и тоа со само еден примен гол.

Сепак, кога се игра против „галските петли“, тешко е да се сочува мрежата незатресена. Страшниот напад кој го има Франција е добра увертира дека вечерва ќе има погодоци во Истанбул.

Предлог тип: T2 1+I &T2 2+ (2.30) – квота на денот во Sport Life

 

Исланд – Албанија (15 ч.)

Кога играат овие две селекции, тоа е како гарант дека ќе има погодоци. Во досегашните пет меѓусебни дуели, секогаш се треселе мрежите, а интересно е што немаат ниту еден нерешен резултат (Исланд 3 победи, Албанија 2 триумфи). Исланд ја има улогата на фаворит, но Албанија која беше учесник на последното ЕП 2016, знае да изненади.

Двете екипи ќе сакаат да докажат дека имаат квалитет да бидат веднаш зад Франција, која е голем фаворит во оваа група.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.07)

 

Белорусија – Германија (20:45 ч.)

Дилема не треба да има, победникот е како однапред познат, но сепак гостите треба да истрчаат на терен и да си ја завршат работата за да ги освојат планираните три бода. „Панцерите“ ја покажаа моќта и со победата на гости кај Холандија и сигурно ќе сакаат по брза постапка да ја завршат работата и на ова гостување.

Предлог тип: 2-2&3+(2.25)

 

- Оглас -

Најнови вести