Sport Life нуди два Специјали за натпревари кои се играат во Лигата на шампионите, а внимание предизвикуваат квотите за почетен удар кои не се изедначени, туку гостите се фаворити први да тргнат од центарот.
Синоќа, на сите четири средби од плејофот за осминафинале, домашните тимови при потфрлањето на паричката бираа страна, а гостите да ја имаат топката во првиот напад.

Во понудата за стрелци, кај Реал Мадрид – Бенфика го нема Килијан Мбапе, кој има болки во коленото, па фаворит за прв стрелец е Гонзало Гарсија пред Винисиус, кој погоди на првиот меч. На Арда Ѓулер денеска му е роденден, па ако верувате дека 21-виот роденден ќе го прослави со гол, уплатете и чекајте одлична добивка.


