1007 Фулам – Арсенал (18:30 ч.)
Дуел на два лондонски ривали на кои гостите се фаворити. Арсенал е лидер на табелата со 16 бодови од седум кола, додека Фулам е со осум бодови на 14 место. Традицијата вели дека на осум од последните 10 средби на овие ривали, двата тима постигнувале погодоци, а во сите 10 пресметки имало барем два или повеќе погодоци, што е најава за возбудлив дуел.
Предлог тип: 2&3+ (2.60)
1703 Анже – Монако (19 ч.)
Ова е дуел на екипа со најслабиот напад противи тимот кој има постигнато најмногу погодоци. Анже е една од екипите кои се „печени“ за испаѓање. Во седум кола освои само пет бода и е на претпоследната позиција.
Со само три дадени погодоци, тие го имаат најслабиот напад. Тоа е шанса за Монако кој го има најдобриот напад (16 поатигнати погодоци), да стигне до три бода.
Предлог тип: 2-2 (2.55)
3003 Торино – Наполи (18 ч.)
Две екипи кои во сосема различно расположение го чекаат овој меч. Торино со само пет бода од шест кола е при дното на табелата, додека Наполи е лидер со 15 бодови. Со 13 примени гола во шест средби (повеќе од два во просек на средба) Торино ја има најлошата одбрана во Серија А.
Во последните девет меѓусебни дуели, Наполи има седум победи, Торино еднаш се радувал, а еднаш било и нерешено, што јасно покажува дека и сега гостите се фаворити за триумф.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.23)
1803 Мајнц – Баер Леверкузен (15:30 ч.)
Мајнц лошо ја започна сезоната и по шест кола има само четири бода. Баер Леверкузен се консолидираше и потврдува дека ќе се бори за висок пласман. На шест од последните седум пресметки на овие два ривали имало три или повеќе погодоци.
Едноставно двата тима играат без многу калкулации, сакаат да нападнат, што треба да е гаранција за возбудувања и погодоци.
Предлог тип: ГГ3+ (2.04)
1305 Атлетико Мадрид – Осасуна (21 ч.)
Ова е единствен од сите пет понудени денешни предлози на кои домаќинот е фаворит. Атлетико полека се враќа во добар ритам и пред своите навивачи никако не смее да си дозволи кикс против Осасуна која игра цврст и дефанзивен фудбал.
Интересно е дека на полседните 19 дуели на овие ривали, никогаш не било нерешено. Атлетико има 16 победи, а Осасуна се радувала три пати.
Предлог тип: 1-1&0-3 (3.20)