Гостите доминираа во мечевите од Лигата на Европа и од Конференциска лига, само една победа за домаќините

Најтрофејниот хрватски клуб Динамо Загреб на свој терен на „Максимир“ со 1:3 загуби од Генк во првиот меч од плејофот за пласман во осминафиналето во Лигата на Европа. Уште во првите 20 минути гостите од Белгија постигнаа два гола и стигнаа до сигурно водство, па до крајот без многу проблеми ја сочуваа предноста.

Интересно е дека сите четири екипи кои гостуваа во терминот од 18:45 часот во Лигата на Европа, се радуваа на триумф. Селта Виго на гости во Солун со 2:1 го победи ПАОК, а Нотингам форест покажа моќ и со 3:0 го победи Фенербахче во Истанбул. Болоња даде еден гол на гости кај Бран и тоа беше доволно за победа.

Во четирите дуели од Конференциската лига кои се одиграа досега, Лех со 2:0 беше подобар на гости кај Купс, додека со нерешен резултат 1:1 завршија мечевите меѓу Сигма Оломуц и Лозана, односно Зрињски и Кристал палас.

Единствената победа во осумте меча од ЛЕ и ЛК што се одиграа ја забележа Ноа, и тоа против АЗ Алкмар со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести