Денешната понуда во Супер типот на Sport Life содржи стандарден број од 16 натпревари, во која доминира фудбалот, а тука се и тенисот и хокејот и сите се со специјално зголемени коефициенти.
Понудата започнува со тенис, и тоа со мечевите од челенџерот во Роан. Бугаринот Андреев игра против домашниот тенисер Филс, а потоа играат Роер и Гинард и на два меча гостите се фаворити и квотите за нивна победа се зголемени.
Во Супер типот има и два натпревари во хокеј на мраз, кои се со зголемена квота, тоа се дуелот од руската лига меѓу Астана и Витјаз и германската пресметка помеѓу Келн и Минхен.
Во Супер типот, стандардно, доминира фудбалот, каде што доминираат натпреварите од Бундеслигата. Првиот фудбалски дуел е дербито меѓу Волфсбург и Борусија Дортмунд, а тука се и мечевите меѓу Бохум и Борусија Менхенгладбах, како и меѓу Штутгарт и Херта. Во Супер типот завршува со мечевите од англиската Чемпионшип дивизија Блекпул – Мидлсбро, Кардиф – Хал и Ватфорд – Ридинг.