Гостинските екипи и по четири одиграни натпревари од 37. коло се уште не се радуваа на гол, а тоа не им успеа ниту на Саутемптон и Фулам во попладневните дуели од 16 часот.
Со постот почна Барнли, вчера на премиерниот дуел против Евертон што заврши со триумф на „карамелите“ од 2:0, потоа продолжи Тотенхем со пораз од 0:1 кај Борнмут, а мрежата на домаќините не ја тресеа ниту Саутемтпон и Фулам.
Вест Хем ги декласира светците со 3:0 со головите на Арнаутовиќ, кој двапати беше прецизен и на Фредерикс.
Победа без примен гол забележа и Вулверхемптон против Фулам. Стрелец на единствениот гол беше Дендонкер во 75. минута.
Следен гостин што може да ја прекине серијата од 4 меча без погодок во ова коло е Кристал Палас против Кардиф во Велс.