Гостите освоија само бод, Миовски со Ренџерс славеше над бугарскиот Лудогорец (Видео)

Домашните екипи имаа комплетна доминација во мечевите од втората половина од денешната програма во Лигата на Европа, па на гостите им препуштија само еден бод на осумте меча.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски доби 30-тина минути во победата на Глазгов ренџерс над Лудогорец од 1-0. Сепак, и покрај триумфот, Ренџерси немаат шанси за пласман во разигрувањето од Лигата на Европа.

Победи на вечерните натпревари забележаа и Рома, Брага, Динамо Загреб, Селта Виго, Ница и Салцбург, додека победник немаше единствено на мечот помеѓу Ференцварош и Панатинаикос.

Резултати:

Рома – Штутгарт 2-0
Брага – Нотингам форест 1-0
Селта Виго – Лил 2-1
Динамо Загреб – ФЦСБ 4-1
Ференцварош – Панатинаикос 1-1
Ница – ГА иглс 3-1
Глазгов ренџерс – Лудогорец 1-0
Салцбург – Базел 3-1

- Оглас -

Најнови вести