1010 Фулам – Манчестер јунајтед (17:30 ч.)
Фулам е без Александар Митровиќ, но тоа не значи дека лондонскиот тим ќе се предаде предвреме на овој меч. Отворената игра со многу погодоци е карактеристична за Фулам и сигурно домашната публика ќе бара атак во дуелот со Манчестер јунајтед.
На седум од последните девет меѓусебни дуели имало барем три погодоци, што е само уште една потврда дека треба да има возбудувања.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.85)
3145 Риека – Динамо (17:30 ч.)
Очајна е Риека ако се знае дека пред неколку дена тимот испадна од Купот на Хрватска и тоа по пораз од нисколигашот БСК Бијело Брдо. Освен поразот во Купот, Риека загуби и на два од последните три средби во првенството, па не случајно е во долниот дел од табелата со само 15 бодови од 16 меча.
Динамо со нова победа само ќе се зацврсти на чело на табелата и Модрите ќе бидат мирни во однос на сите останати ривали.
Предлог тип: 2-2 (2.30)
1662 Андерлехт – Генк (18:30 ч.)
Генк е тимот кој блеска во белгиското првенство и не случајно има 14 победи и само по едно реми и пораз во 16-те средби. Речиси по три гола на меч дава лидерот во првенството, што потврдува дека офанзивата е голем адут за овој состав. Андерлехт е разочарување со само 20 бодови од 15 кола.
На последните 19 меча на овие два клуба не се случило да има повеќе од три погодоци, а дури 13 пати било со максимум два гола. Гостите се во подобра форма и треба да освојат барем еден бод.
Предлог тип: Х2&0-3 (2.17)
1543 Фамаликано – Спортинг Лисабон (21:30 ч.)
Спортинг веќе има премногу киксови за овој дел од сезоната и е со само седум победи од 12 средби. Токму затоа, вечерва им е потребна победа, за да може екипата да се приклучи до водечките екипи.
На шест од последните седум меѓусебни дуели, двете екипи дале барем по еден погодок, што е најава за возбудлив дуел.
Предлог тип: ГГ3+ (2.35)
1959 Бешикташ – Анталијаспор (18 ч.)
Бешикташ заостанува дури седум бода зад лидерот Фенербахче, што значи дека домаќините ќе бидат апсолутно фокусирани на победа. Бешикташ во просек прима повеќе од еден гол на меч, но Анталија е ривал кој треба да се добие.
Три победи за Бешикташ и исто толку нерешени има на последните шест средби на овие два клуба.
Предлог тип: 1&2-4 (2.50)