Гостите се фаворити на пет од шесте меча во НБА-лигата, Воините се аутсајдери против Оклахома (Фото)

Вечерва во арените во САД ќе се одиграат шест меча во НБА-лигата и на кои може гостите да доминираат. Според квотите, гостите ја имаат фаворитската улога на пет од шесте меча во НБА.

Минесота тимбервулфс и Њујорк никс имаат најголеми шанси да дојдат до победите и тоа во дуелите со Њу Орлеанс пеликанс и Шарлот хорнетс. Финалистот Мајами е фаворит за триумф против Чикаго, како и Оклахома сити тандерс против десеткуваните Голден Стејт вориорс кои играат очајно на стартот од сезоната.

Единствен домашен тим кој ги има квотите на своја страна е Милвоки бакс во дуелот со Далас маверикс.

Во понудата на Sport Life има и 38-мина кошаркари кои ќе бидат дел од понудата за „плус-минус“ поени. Највисоката граница изнесува 30,5 поени и тоа за Јанис Адетокумбо и Лука Дончиќ.

- Оглас -

Најнови вести