Гостивар го доби дербито на непорзените екипи против Вардар со 1:0 и остана единствениот тим без неуспех во Втората лига, заедно со Воска по 9 кола.
Дербито се играше во Голема Речица, а домаќините беа поуспешни за еден погодок и го симнаа Вардар од врвот на табелата.
Сега лидер е Воска по победата против Тетекс со 4:0, а имаат 23 бода, еден повеќе од Вардар и два од Гостивар.
До позициите што водат во Првата лига се доближи и Пелистер по убедливата победа против Борец на гостински терен со 4:0.