20.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Гостивар доведе двајца странци кои играле во Бирмингем, Катанија, Борусија Дортмунд, Бешикташ…

Македонскиот фудбалски прволигаш Гостивар доведе две нови засилувања од странство.

Нов играч на овој тим е Емануел Мбенде (28), дефанзивец кој некогаш играл за младинскиот тим на Бирмингем, но и за Катанија, Камбур, а бил играч и на Борусија Дортмунд во младите категории. Мбенде е Камерунец кој има германски пасош.

Второто засилување е во нападот. Се работи за Огузан Ајдоган (27), Германец од турско потекло. Тој во текот на кариерата бил член на Анкараспор, Карслруе, но и на младинскиот тим на Бешикташ.

- Оглас -

Најнови вести