Гостивар и Еуро Никел поведоа со 1:0 против скопските екипи

Гостивар славеше со 76:69 против Работнички во првиот меч од четвртфиналето на кошаркарскиот плејоф. Грузискиот интернационалец Корсантија беше предводник на домашниот тим со 26 поени и 14 скока, а одличен беше и Ефремовски со 17 поени. Кај Работнички прв стрелец беше Џелетовиќ со 23 поени.

Во првото полувреме се водеше израмнета борба. Работнички беше подобар во првата четвртина,а Гостивар врати со подобра игра во вторите 10 минути, па на полувреме заминаа со предност од 41:37.

Во третата четвртина Гостивар прв пат поведе со двоцифрена предност од 59:48 и до крајот на средбата во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева дека ќе ја анулира предноста.

Брејк на гостински терен направи Еуро Никел кој славеше со 70:62 кај ТФТ во салата „Кале“. ТФТ во првото полувреме најчесто беше во водство, но гостите успеваа да се вратат и на полувреме се замина со израмнети 40:40. И по три четвртини беше тесно, затоа што Еуро Никел водеше само со еден поен (53:52). При резултат 54:58, гостите направија низа од 10:2 и прв пат стигнаа до двоцифрено водство од 68:56, што беше доволно за да се радуваат на крајот и сега на свој терен да имаа меч топка за пласман во полуфиналето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести