Два меча од кошаркарската Прва лига на Македонија се играат денеска и двата ги има во понудата на Sport Life. Гостивар на свој терен е домаќин на Еуро Никел 2005 и тоа е дербито на денот.
Домашниот терен многу често е голем адут на гостиварци, но овојпат фаворитската улога е препуштена на Еуро Никел, барем според квотите во Sport Life. За разлика од коефициентите, традицијата вели нешто друго, а тоа е дека Гостивар пред своите навивачи се радувал на последните три дуели со овој ривал. Последниот меч го одиграа во април оваа година и Гостивар победи со убедливи 20 разлика.
Освен дуелот во салата „Младост“ во Гостивар, прволигашка кошарка че има и во Гевгелија, каде Кожуф без многу проблеми треба да се радува на триумф против Охрид. По првите две кола Кожуф има два порази, но ова е вистински момент да се забележи првиот триумф.