Гостивар по стапките на Воска спорт, го напушти теренот на мечот со Работнички!

Работнички даде гол за водство од 2-1 против Гостивар и тоа беше знак за домашната екипа наводно незадоволна од судењето, да го напушти теренот, имитирајќи го скандалозниот потег на Воска спорт која за тоа беше казнета со одземање на 9 бодови.

При 1-0 за Гостивар, Ли Ервин доби црвен картон, потоа Работнички даде два гола за пресврт, а гостиварци решија да се повлечат во соблекувалната на стадионот „Борис Трајковски“ во скопско Маџари.

Судиите и екипата на Работнички уште се на терен и чекаат разврска.

- Оглас -

Најнови вести