Гостиварец е експерт за Лигата на Европа, со уплата од 50 денари, доби 207.216 денари

Натпреварите од квалификациите за Лигата на Европа не беа проблематични за прогнозирање за еден обложувач во Гостивар, кој во уплатно место на Sport Life во тој град уплатил 50 денари на тикет со 12 парови и чекал добивка од 207.316 денари. Резултатите еден по еден му одеа во прилог и на крајот тој успеа да ги погоди сите и да му бидат исплатени над 3.000 евра со уплата помалку од едно евро.

На тикетот има прогноза дека домаќините ќе победат на мечевите Арис – Молде, П’лзен – Антверпен, Трабзонспор – Спарта Прага, Хапоел Бер Шева – Норчепинг, Зорја – ЦСКА Софија, Малатијаспор – Партизан, Ренџерс – Митјиланд и Гент – АЕК Ларнака. На мечот Судува – Макаби му требаа три гола и двата тима да погодат барем по еднаш, а на три средби се чекаше во второто полувреме да паднат повеќе голови отколку во првото.

На мечот во Трабзон, „кецот“ излезе дури во осмата минута од судиското продолжение. Тој гол на Новак донесе голема радост и одлична добивка во Гостивар, а една минута претходно Турците утнаа пенал. Прогнозерот се „тресел“ и чекајќи гол на дуелот на Зорја и ЦСКА, а домашните конечно погодија во 89-тата минута.

КУМАНОВЕЦ „НАМИРИСА“ КАДЕ ЌЕ ИМА ГОЛОВИ И ЗАРАБОТИ 118.213 ДЕНАРИ

На уплатното место на Sport Life кај пазарот во Куманово еден прогнозер си заработи 118.213 денари со вложени 400 денари. Овој прогнозер се обложил на 10 натпревари од квалификациите за Лигата на Европа, од кои на седум чекал да паднат повеќе од три голови, на два дека ќе има барем четири, а еден меч (Еспањол – Луцерн) дека домашните ќе победат на крај и ќе водат на полувреме.

Кумановецот имаше среќа бидејќи третите голови во Трабзон и Израел на дуелот на Бнеи Јехуда и Нефчи паѓаа по 90-тата минута, а Брага, Арис и Вулверхемптон четвртите голови на нивните мечеви ги даваа по 80-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести