Играчите во Sport Life изминатиов викенд беа расположени за освојување големи добивки. Беа исплатени многу големи добивки со релативно мали уплати, што е доказ дека тој што игра, добива.
ДОКАЗ ДЕКА И СО НАЈСИТНИТЕ КВОТИ МОЖЕ ОДЛИЧНО ДА СЕ ЗАРАБОТИ
Играч од Гостивар само со 50 вложени денари си заработи 200.657 денри бруто-добивка. На овој тикет се погодени дури 24 натпревари, а тактиката е да се игра на победи на фаворитите.
Има мечеви на кои квотите се и по 1.11, 1.13, 1.14, 1.15 или 1.16, но тоа е доказ дека и малите коефицинети одлично може да ја зголемат вкупната добивка. Од сите одиграни средби, има погодено и две квоти кои се со над два, па едноставно ова се покажа како одлична тактика за супер заработка и погодена вкупна квота од 4.013.
СРЕЌНА НЕДЕЛА ВО ТЕТОВО, ДОБИВКАТА ДОЈДЕ СО ПОГОДОЦИ И ВО СУДИСКО НАДОПОЛНУВАЊЕ
Играч од Тетово во неделата уплатил тикет само со 40 денари, а на крајот си заработи над 1.500 евра. Одиграни се 12 натпревари во различни комбинации, а најважно е дека сите се погодени.
На дербито во Португалија меѓу Спортинг и Порто гостите водеа со 1:0 до 94-тата минута, а потоа следуваше нов погодок за Порто, а до крајот погоди и Спортинг, што беше важно затоа што прогнозата била дека ќе има меѓу 2-3 погодоци.
На истата игра 2-3 гола е погоден и дуелот Лидс – Манчестер јунајтед, а гостите двата погодоци за триумф од 2:0 ги постигнаа во финишот. Погодени се и победите на Барселона, Јувентус, Манчестер сити, Лил, Наполи, а одлично е предвидено дека нема да има повеќе од два гола на дуелите Селта Виго – Атлетико Мадрид (0:1) и Болоња – Монца (0:1).
САМО СО 20-ЧЕ, ВЕЛЕШАНЕЦ ДО ДОБИВКА НАД 100.000 ДЕНАРИ
Саботата била одлична за обложувач кој во Велес уплатил само 20 денари, а на крајот стана побогат за 100.000 денари бруто-добивка. Одлична била тактиката да се одигра на тоа која екипа ќе победи и колку погодоци ќе има на натпреварот.
Седум средби коишто имаат квоти од 2.35 до 5.00 направиле вкупен добитен коефициент од 5.290, што е доказ дека нема неверојатни комбинации, само треба да се најдат вистинските.