Гостиварец со уплата од пет евра успеа да добие речиси 7.000 евра (Фото)

Обложувач во Sport Life од Гостивар имаше прекрасен викенд откако успеа да погоди тикет со 13 натпревари и со уплата од пет евра (310 денари) освои неверојатна добивка од речиси 7.000 евра, или поточно 398.960 денари.

Комбинацијата од неколку игри во текот на вчерашниот ден на обложувачот од Гостивар му донесе голема среќна добивка.

На крајот остана да ги следи натпреварите Наполи – Удинезе и Севиља – Барселона. На мечот од Серија А му беше потребен ГГ, и заврши 1-1, а на дуелот од Ла Лига имаше типувано ГГ3+ и сигурно му олесна кога веќе во осмата минута и двете екипи имаа постигнато по еден гол. Потоа Барселона ја дозаврши работата за комплетирање на огромната добивка. Нека е со среќа!

 

- Оглас -

Најнови вести