Спортската сала „Младост“ во Гостивар е претворена во пункт за собирање хуманитарна помош за настаданите и загрозените од земјотресот кој предизвика смрт на засега над 15.000 луѓе во Турција и Сирија.
Гостиварци хуманоста ја покажаа на дело, а кошаркарите на Гостивар следниот меч на свој терен го играат за десет дена и нема да замерат што домашниот терен периодов им е зафатен.
Инаку, ФИФА им излезе во пресрет на фудбалските клубови во Турција, па преодниот рок во таа земја е продолжен за уште десет дена и наместо на 8, ќе заврши на 18 февруари.