Гостиварци во претходните две кола губеа со вкупно 50 поени разлика, но знаат како против МЗТ!

Гостивар го порази МЗТ Скопје Аеродром со убедливи 88-69 во дуел од првата лига во кошарка, што за МЗТ е втор пораз сезонава, втор од четата на тренерот Малинков.

МЗТ беше подобар само во првата четвртина, која ја доби со четири поени разлика, а гостиварци одиграа добро во втората и третата четвртина, кога стекнаа предност, која ја зголемија во првата половина на последниот квартал.

Најдобри кај победниците беа Пипкинс со 25, Корсантија со 21 поен, а Ефремовски и Вучковиќ уфрлија по 14. Кај актуелниот првак, прв стрелец беше Бурсаќ со 16 поени. Штрковите изведоа само три слободни фрлања.

- Оглас -

Најнови вести