Гостуваа на дури 9.400 километри од дома, и им се исплатеше, победија

Аматерската екипа на Сан Пјероас како гостин го изненади второлигашот Ниор со 2-1 во Купот на Франција, а освен по изненадувачкиот резултат, мечот ќе се памети и по нешто друго. Гостите за да играат во Ниор, требаше да пропатуваат дури 9.400 километри. Нивниот клуб е од француската колонија Реунион која се наоѓа во Индискиот океан, 700 километри источно од островот Мадагаскар и африканскиот континент.

Сега тимот од Реунион се пласираше меѓу 32-те најдобри во купот, и повторно ќе има долго патување до Франција во 16-финалето. Гостите во далечниот Ниор имаа поддршка од околу 100 навивачи.

Најпознат фудбалер кој играл за Сан Пјероас е Димитри Паје и Шан Пјер Папен. Може да се случи дека овој клуб да се падне со Бордо или Марсеј, па за нив тоа да биде историски спектакл.

Во францускиот куп играат тимови и од останатите француски колонии, но ретко кога некој од нив стигнува до нокаут фазата.

- Оглас -

Најнови вести