Лука Готи конечно му даде шанса на Илија Несторовски да одигра некоја минута во Серија А по паузата од над 7 месеци поради повреда на коленото, но камбекот на македонскиот репрезентативец дојде доцна, кога Емполи веќе водеше со 3:1 против Удинезе.
Несторовски влезе во игра во 79-тата минута за гостите од Удине, и тоа само една минута по третиот гол за Емполи што го даде Пинамонти.
Домаќините направија комплетен пресврт и ставија печат на победата со тој гол, иако Удинезе водеше со погодокот на Делофеу по првото полувреме.
Стојановиќ, Бајрами и Пинамонти комплетираа голем пресврт со по еден погодок на меч кој сепак Несторовски ќе го памети по камбекот на терен по операцијата на коленото и долгиот период на рехабилитација.