Јувентус и Барселона ја комплетираа размената меѓу Миралем Пјаниќ и Артур Мело откако денес и двајцата ги ставија потписите на договорите.
Артур ќе ги брани боите на Јувентус во следните пет години, Пјаниќ (проценет на 60 милиони евра) и плус 10 милиони евра заминаа во спротивен правец на „Камп ноу“, со тоа што Босанецот се согласи на тригодишна соработка со актуелниот шпански првак.
Денес и двајцата ги завршија медицинските прегледи и веќе ја задолжија опремата на Јуве, односно Барса, а двата гиганти за утре ги закажаа промоциите на новите аквизиции.
https://twitter.com/goal/status/1277338104404287495