Готово е – Барнли го купи Чурлинов за сума поголема од пет милиони евра (Фото)

Флоријан Плетенбург, новинарот на германскиот спортски медиуим „Спорт1“ објави ексклузивна информација дека Дарко Чурлинов е нов играч на Барнли во трансфер вреден над пет милиони евра.

Претходно денеска беше објавена информација дека англискиот второлигаш понудил 3.25 милиони евра за Штутгарт и плус 1.25 милиони евра во бонуси, а очигледно е дека понудата на популарните Кларетс е уште малку зголемена и изнесува вкупно над 5 милиони евра.

Според Плетенбург главен фактор во трансферот што веќе е договорен и прифатен и од Барнли и од Штутгарт и од Чурлинов бил Венсан Компани.

Поранешниот капитен на Белгија и една од легендите на светскиот фудбал е тренер на Барнли и на негово инсистирање клубот двапати ја зголемува понудата и конечно ќе го има во своите редови македонскиот репрезентативец.

https://twitter.com/Plettigoal/status/1558119406424702976?s=20&t=wDwCnqCXUT0W6bZ6yEfkTw

- Оглас -

Најнови вести