Готово е, Барселона добива нов тренер

Германскиот стратег Ханси Флик ги договорил сите услови со Барселона и сега останува само да се финализира договорот. Каталонскиот гигант сезоната ја заврши без ниту еден трофеј, но Чави повторно ја имаше довербата, се до моментот кога го критикуваше раководството на клубот.

Флик од 2019 до 2021 година беше предводник на Баерн Минхен, а потоа две години беше на чело на германската репрезентација. Доби отказ во 2023 година и оттогаш е без работа.

Чави за последен пат ќе биде на чело на Барселона в недела на дуелот против Севилја во последното коло на Примера, а веќе в понеделник Флик ќе биде промовиран како наследник на Шпанецот.

Договорот на Флик ќе биде на една година, со можност за продолжување на уште 12 месеци.

- Оглас -

Најнови вести