Неколку каталонски медиуми ја потврдија информацијата дека Серхио Агуеро се согласил на двегодишен договор со Барселона, што значи дека Каталонците го осигурија првото големо засилување за следната сезона.
Агуеро ќе пристигне на „Камп ноу“ како слободен играч бидејќи во јуни му завршува децениската соработка со Манчестер сити, од каде што ќе си замине како рекордер по бројот на погодоци. Аргентинскиот напаѓач наводно веќе ги известил своите најблиски околу следниот негов чекор во кариерата, а тоа е дека ќе биде нов член на Барселона.
Воедно, Агуеро се надева дека ќе му се оствари желбата да игра заедно со репрезентативниот колега Лео Меси на клупски план, додека се чека конечен одговор на капитенот на Барса дали ќе остане во клубот по крајот на актуелната сезона.