Готово е: Барселона има нов напаѓач, откупната клаузула е 500 милиони евра (Видео)

Шпанскиот шампион Барселона денеска и официјално потпиша договор со најновот засилување, младиот Бразилец Витор Роке, до 30 јуни 2031 година.

Роке утринава допатува во Барселона, но интересно е што не слета во каталонскиот град, туку во Мадрид бидејќи нема директни летови од Сао Пауло.

Откако утринава успешно ги помина лекарските прегледи, Витор Роке веднаш потпиша седумгодишен договор, а откупната клаузула изнесува 500 милиони евра.

Барселона 40 милиони евра вредниот трансфер го договори уште во летото, но се согласи да го остави Витор Роке во Атлетико Параненсе до крајот на сезоната.

Сепак, поради очајните игри на првиот напаѓач Роберт Левандовски, тренерот Чави Ернандес побара од управата да го забрза процесот и да го има Бразилецот од почетокот на 2024 година и таа желба му беше исполнета.

- Оглас -

Најнови вести