Готово е: Бејл се враќа во Тотенхем!

Герет Бејл е на прагот да се врати во Тотенхем, известуваат англиските медиуми. Договор меѓу Реал Мадрид и Тотенхем е постигнат вчера навечер, Бејл доаѓа на едногодишна позајмица за која Петлите ќе платат повеќе од 13 милиони фунти, додека двата клуба подеднакво ќе му ја исплаќаат неделната плата од 450.000 евра.

Преговорите брзо вродија со плод откако прсти вмешал Жозе Мурињо и побарал од управата да се обиде да ја ангажира поранешната клупска ѕвезда која во 2013 година се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ за 90 милиони фунти. Кралевите конечно ќе се ослободат од проблематичниот Бејл, кој пак по седум години пауза, повторно ќе го носи белиот дрес на Петлите, а заедно со него во Лондон доаѓа и левиот бек Серхио Регилон.

Тотенхем буквално го краде Регилон пред Манчестер јунајтед, откако Реал Мадрид ја прифати понудата од 30 милиони евра во која има и клаузула за Кралевите да може да го откупат Шпанецот назад, нешто што Јунајтед не сакаше да прифати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести