Готово е, Чави со дрес се прости од Ал-Сад, Катарците му порачаа: Однеси го во Барселона (Видео)

Катарските сопственици на Ал-Сад конечно се согласија да се разделат со Чави Ернандес и да му дозволат да биде нов тренер на Барселона.

Според видеото што е објавено, Чави доби дрес од Ал-Сад со бројот шест за разделба, а еден од сопствениците на клубот му вели: Однеси го во Барселона.

Xavi taking pictures with what appears to be his farewell shirt at Al Sadd and being told "You will bring it to Barcelona" from soccer

Тоа значи дека веќе нема пречки за поранешниот фудбалер на Барселона да се врати во својот клуб, сега како тренер.

Тоа постојано во последно време го најавуваше претседателот на Барса, Жоан Лапорта, но пречка беа сопствениците на Ал-Сад, кои истакнаа дека Чави има уште две години од актуелниот договор и останува кај нив.

Сепак, на крајот шпанскиот гигант ја доби битката и Чави ќе го наследи Роналд Куман, кој доби отказ пред една седмица.

Моментно на клупата на Барселона како привремено решение е Сержи Бархуан.

- Оглас -

Најнови вести