Барселона го доведе првото големо засилување во летниот преоден рок. Каталонскиот гигант плати 120 милиони евра и ја откупи клаузулата на ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гриезман. Голгетерот на француската репрезентација потпиша петгодишен договор, кој ќе го обврзе да остане до јуни 2024 година и му стави откупна клаузула од 800 милиони евра !
Гриезман е роден во Макон, Франција, во 1991 година, а сега е еден од најдобрите напаѓачи во светот. Како 14-годишно дете го забележале скаутите на Реал Сосиедад и го доведоа во Шпанија. За првиот тим на Соседад дебитираше во 2009 година, кога имаше само 18 години. Неговиот талент го забележаа од Атлетико и во летото 2014 година за сума од 30 милиони евра се пресели во Мадрид.
Сега, по пет години поминати меѓу „јорганџиите“, Гриезман го прави трансферот на кариерата и ќе игра за Барселона.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1149668935299563520