Готово е: Гвардиола го стави потписот на договорот до 2027 година!

Англискиот првак Манчестер сити успеа да го задржи тренерот Пеп Гвардиола во клубот до јуни 2027 година. Шпанскиот стратег вечерва и официјално стави потпис на договорот со кој ја продолжува соработката на нови две сезони.

„Манчестер сити ми значи многу. Ова е мојата деветта сезона овде. Доживеавме толку многу неверојатни времиња заедно. Навистина имам посебно чувство за овој фудбалски клуб. Затоа сум многу среќен што останувам уште две сезони“, рече Гвардиола.

Со Пеп на чело, Манчестер сити стана главен клуб во англискиот фудбал и еден од најсилните во Европа и светот. Гвардиола е магнет за трофеи, во витрините на сити дојда многу пехари во изминативе девет сезони, а планот е тоа темпо да продолжи и во иднина.

„Имам сè што може да посака еден менаџер и многу го ценам тоа. Се надевам дека сега можеме да додадеме повеќе трофеи на оние што веќе ги освоивме. Тоа ќе биде мојот фокус“, додаде Гвариола.

- Оглас -

Најнови вести