Готово е: Иван Перишиќ е нов фудбалер на Хајдук!

Време е! Со овие зборови навивачите на Хајдук го пречекаа новото засилување на сплитските бели, Иван Перишиќ. Самиот напис говори се, време е титулата да дојде во Сплит, а Хајдук за таа цел донесе уште едно капитално засилување.

34-годишниот фудбалер во Далмација пристигнува од Тотенхем, а претходно во богата кариера настапуваше и за Сошо, Роселаре, Бриж, Борусија Дортмунд, Волфсбург, Интер и Баерн Минхен.

За Перишиќ кој е роден во Сплит, ова ќе биде враќање во Хајдук после 18 години, откако во 2007-мата година како младинец се пресели во францускиот Сошо. Сега останува само прашање на време, можеби денови или часови до официјалното претставување на новиот соиграч на нашиот репрезентативец Александар Трајковски во Сплит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести