1.8 C
Skopje
четврток, 19 февруари 2026

Готово е: Јанис Адетокумбо налето ќе го напушти Милвоки!

Она од што стравуваа навивачите на Милвоки бакс ќе се оствари. Јанис Адетокумбо најави дека налето си заминува од екипата во која ја помина целата кариера во НБА-лигата.

Неговиот договор истекува летото 2027 година, па Милвоки ќе мора да го трејдува за да не го загуби бесплатно.

„Да беше до мене, веќе ќе бев во друга екипа. Следното лето сè ќе биде во мои раце кога ќе бидам слободен играч ќе го напуштам Милвоки“, рече Јанис за грчка телевизија.

Со ова се потврдуваат шпекулациите дека Гркот не е задоволен во Милвоки и дека планира да си замине, нешто што веќе подолг период се зборуваше во кошаркарските кругови. Адетокумбо оваа сезона има просек од 28 поени, 10 скока и пет асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести