Готово е, Јувентус добива нов тренер!

Масимилијано Алегри ќе го напушти тренерското место во Јувентус, а на негово место ќе седне Антонио Конте. Оваа информација ја објавија повеќе италијански медиуми, што може да биде потврда за веродостојноста.

Сезонава Јуве со Алегри дојде до осмата титула по ред во италијанската лига, но сепак ќе дојде до разделба со човекот од кого се очекуваше со помош на фудбалерот Кристијано Роналдо да ја однесе Старата дама на кровот на Европа.

Според шпекулациите, 51-годишниот Алегри уште денеска ќе објави дека си оди, а главен кандидат за негов наследник е Конте, за кого се интересира и Интер. Кој и да биде назначен за нов тренер, од него ќе се бара трофеј во ЛШ. Од друга страна, се зборува дека Алегри не само што нема да остане без работа, туку се најавува негов трансфер во скапиот тим на Пари Сен Жермен.

- Оглас -

Најнови вести