Белгискиот репрезентативец Кевин де Бројне одлучи. Во следните две сезони ќе го носи дресот на Наполи, со опција соработката да биде продолжена за уште една сезона. Еден од најдобрите играчи за врска во последните десетина години, конечно реши да дојде во Серија А, и тоа во тимот кој е актуелен шампион.
Де Бројне во Наполи доаѓа како слободен играч откако летово му заврши договорот со Манчестер сити, каде што помина точно 10 сезони и одигра вкупно 422 натпревари, во кои постигна 108 голови. Во дресот на Сити, Де Бројне ги освои сите најважни трофеи, но реши дека е време за нов предизвик, па како слободен играч си замина од Граѓаните. Тоа значи дека Наполи не плати ниту едно евро за трансфер на искусниот 34-годишен играч.
🔵✨ Antonio Conte’s first signing of the 2025/26 transfer window: Kevin De Bruyne! 🔜
KDB to Napoli is a here we go! 2-year contract + option agreed, reports @FabrizioRomano. ✅ pic.twitter.com/We9IHupZpN
— EuroFoot (@eurofootcom) June 11, 2025
Освен во Сити, Де Бројне во кариерата има играно и за Волфсбург, Вердер, Челзи и Генк. сега првпат ќе се проба во Серија А. Де Бројне има и 111 настапи за Белгија, а во националниот дрес има постигнато 31 гол.