Готово е, Кралскиот клуб го договори трансферот на најталентираниот Бразилец во последните две децении

Актуелниот европски и шпански шампион, Реал Мадрид, ја победи конкуренцијата во трката за суперталентираниот 16-годишен Бразилец, Ендрик.

Телевизијата ЕСПН и новинарот кој е експерт за фудбалски трансфери, Фабрицио Романо, потврдија дека Реал Мадрид ја завршил целата работа, се договори со Палмеирас да му плати 60 милиони евра отштета плус дополнителни 12 милиони во бонуси, и ги договори личните услови со младиот фудбалер.

Според договорот, Ендрик до 2024 година ќе остане во бразилскиот тим, а кога ќе наполни 18 години, ќе се пресели во Реал Мадрид.

Ендрик се смета за најталентираниот бразилски фудбалер во последните две децении, и со само 16 години го привлече интересот на европските гиганти. Иако има само 16 години, Ендрик веќе настапува за првиот тим на Палмеирас и досега постигна девет гола, и има една асистенција.

- Оглас -

Најнови вести