27.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

ГОТОВО Е: Кристијано Роналдо го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот!

Кристијано Роналдо ќе ја продолжи кариерата во Ал-Наср, клубот кој игра во Саудиска Арабија. Според медиумите во Саудиска Арабија, Португалецот денеска потпишал договор кој го обврзува да остане во Ал-Наср до јуни 2025 година.

Овој договор на Роналдо со Ал-Наср е најголем во историјата и годишно ќе заработува по 200 милиони евра, а ќе има и дополнителни бонуси кои засега не се познати.

Во кариерата Роналдо има играно за Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус, што значи дека Ал-Наср ќе биде неговиот петти клуб во кариерата.

Најголемиот успех Роналдо го имаше додека го носеше дресот на Реал Мадрид во период од 2009 до 2018 година, кога постигна неверојатни 450 погодоци за Кралскиот клуб и постави бројни рекорди.

 

- Оглас -

Најнови вести