Инсајдерот за фудбалски трансфери, Фабрцио Романо, денес информира дека трансферот на Луис Суарес во Интер Мајами е завршена работа. Она што усно беше договорено минатиот месец сега е пред конечна реализација и се очекува само потпис на едногодишниот договор, со кој повторно ќе се обедини тандемот од Барселона, Лионел Меси и Луис Суарес.
Репрезентативецот на Уругвај како слободен агент ќе потпише за клубот од САД откако му заврши договорот со бразилскиот Гремио. Суарес во својата кариера освен за Барселона и Гремио, настапуваше и за Насионал, Гронинген, Ајакс, Ливерпул и Атлетико Мадрид.