Готово е: Мбапе оди во Реал Мадрид за 250 милиони евра!

Килијан Мбапе во новата сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, објавуваат француските медиуми. Голгетерот имаше разговори со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани и сите мислеа дека ќе биде договорено продолжување на соработката, но се случи спротивното.

„Мбапе ќе му се приклучи на Реал Мадрид. Катарскиот емир и Флорентино Перес договорија цена од 200 милиони евра, плус 50 милиони евра во вид на бонуси“, стои во објавата на француските медиуми.

Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ истекува во јуни 2024 година, но тој најави дека нема да ја продолжи соработката. Токму затоа челниците на ПСЖ решија да го продадат Мбапе ова лето за да заработат одлична сума од неговиот трансфер.

- Оглас -

Најнови вести