Готово е: Оршиќ си замина од Динамо, ќе се бори за опстанок во англиската Премиер лига!

Мислав Оршиќ, хрватскиот репрезентативец и најдобар стрелец во историјата на Динамо Загреб според бројот на голови во европските купови, отпатува за Англија, каде што треба да ги изврши лекарските прегледи, по што ќе стави потпис на договорот со премиерлигашот Саутхемптон.

Светците се последни на табелата, па затоа и во договорот на Оршиќ има клаузула со бонус пари ако тимот обезбеди опстанок во елитното англиско друштво.

Саутхемптон на Динамо ќе му плати отштета од 6 милиони евра, а може да доплати уште два милиони за бонуси. Со тоа Оршиќ станува најскапиот играч во историјата на Динамо, постар од 30 години.

- Оглас -

Најнови вести