Готово е: Перишиќ си оди од Интер, се сели на Островот!

Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ го напушта Интер и во следните сезони ќе го носи дресот на Тотенхем. Договорот може да биде објавен веќе в понеделник.

Перишиќ има договор со Интер до крајот на јуни, клубот му понуди продолжување на соработката, но Иван одлучи кариерата да ја продолжи во премиерлигата каде тренер ќе му биде Антонио Конте, стручњакот кој го тренираше Перишиќ и во Интер, и многу верува во него.

Петлите му го даваат на Перишиќ тоа што го бараше во преговорите (двегодишен договор и годишна плата од 6 милиони евра).

- Оглас -

Најнови вести