Готово е: По една година во Барселона, Гундоган бесплатно се врати во Манчестер сити

Илкај Гундоган повторно ќе го носи дресот на Манчестер сити. Само по една година откако направи трансфер и си замина од редовите на Граѓаните за да заигра во Барселона, Гундоган сега се враќа во „старото јато“.

Трансферот е бесплатен, а 33-годишниот Гундоган потпиша едногодишен договор со англискиот првак, со опција за продолжување на соработката. Играчот од средниот ред многу добро ја познава средината на Сити затоа што во овој тим играше од 2016 до 2023 година и зад себе веќе има над 300 меча во кои постигнал 60 гола за англискиот првак.

Гундоган во Барселона не се снајде најдобро, а неговата плата беше голема за каталонскиот гигант, кој е во финансиска криза, па затоа реши да го даде бесплатно иако имаше уште една година од договорот.

Освен во Барселона и Сити, Гундоган пет сезони играше и за Борусија Дортмунд, а три години беше дел од тимот на Нирнберг. Само пред два дена Гундоган објави дека става крај на репрезентативната кариера, каде што во дресот на германската селекција одигра 82 меча, во коишто постигна 19 погодоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести