Пари Сен Жермен ќе го откупи Мауро Икарди од Интер за 58 милиони евра. Оваа информација како бомба одекна вечерва во италијанските и француските медиуми, па може да се смета за веродостојна, иако уште не е официјална. Икарди сезонава играше за ПСЖ како позајмен, но во Интер веќе не сметаат на него, па сопругата и агент на Икарди, Ванда, договори перманентен договор со парискиот клуб.
Позајмицата на Икарди истекува на 31 мај, па веројатно од понеделник, тој и официјално ќе потпише договор и ќе стане фудбалер на францускиот првак.
Икарди за ПСЖ даде 12 гола на 20 меча.